Клуб за наставници: Инвестирам во себе!

Почетна - Клуб за наставници: Инвестирам во себе!
undefined NaN, NaN

Клуб за наставници: Инвестирам во себе!

Инспирирани од потребите и предизвиците со кои се соочуваат наставниците особено во делот на нивна континуирана доедукација и обука, ја воведовме и реализиравме програмата за личен развој на наставници – Клуб за наставници: Инвестирам во себе 2021.

Клубот беше отворен за секој наставник од средните училиште кои што сакаат да инвестираат да бидат подобри во тоа што го прават. Клубот за наставници беше сочинет од 80 наставници кои доаѓаат од 32 средни училишта од целата земја. Клубот е замислен како јадро од наставници кои сакаат да ги подобрат состојбите во образованието и истиот понуди два степени на членство и тоа основно и напредно членство.

Секое членство понуди различни содржини кои наставниците ги добиваат низ текот на целата година и тоа:

  • Серија од 6 еднодневни обуки
  • Пристап до про-верзии на дигитални алатки
  • Пристап до база на ресурси и материјали
  • Можност за вмрежување и заедничко споделување на информации
  • Можност за вклучување во дополнителни активности и проекти

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD