LEADing Forward: Зајакнување на капацитетите за одржлив развој

Почетна - LEADing Forward: Зајакнување на капацитетите за одржлив развој
Aug 31, 2024

LEADing Forward: Зајакнување на капацитетите за одржлив развој

1-01.png

Проектот е фокусиран на зајакнување на внатрешните капацитети на организацијата за подобрување на нејзината ефикасност во развојот на граѓанскиот активизам кај младите и влијанието на заедницата и понуда на нови пристапи услуги. Проектот е структуриран околу три клучни цели:

1. Зајакнување на образовните процеси и компетенции:

Проширување на програмата Клуб на наставници, зајакнување на наставниците од над 50 училишта и воведување на обучувачи на наставници за поширок дофат. Развој на насочени програми за обука за директори на училишта и професионални служби за подигнување на образовните процеси и компетенции.

2. Зајакнување на граѓанскиот ангажман преку општествени проекти на заедницата предводени од младите:

Имплементација на програма за општествено корисна работа во средните училишта за активно вклучување на младите во решавањето на итните прашања во заедницата. Фокусирани напори за негување на чувството за граѓанска одговорност и лидерство кај средношколците во 10 средни училишта.

3. Градење на внатрешни организациски капацитети:

Внатрешен развој на капацитети во рамките на LEAD за оптимизирање на испораката на услуги и механизмите за поддршка. Подобрување на организационите способности за ефикасно нудење и промовирање услуги за своите корисници.

Клучни корисници на организација и на проектот се следните:

  • Средношколци на целата територијата на С. Македонија
  • Наставници од средни училишта кои се задолжени за промовирање на ученичкото учество во своите училишта
  • Средни училишта на територијата на С. Македонија
  • Наставници од основни и средни училишта
  • Студенти на возраст од 18 до 22 години од придодни и технички науки

JP1-02-01.png

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD