најГЛАСни! е годишна награда за средношколско учество која се доделува на Ученичката/те заедница/а која придонела најмногу за ученичкото учество во своето училиште.
Тоа значи дека учениците:
Зошто се доделува најГЛАСни?
Демократијата, демократските вредности и свесноста за граѓански ангажман се вежба од мали нозе. Средните училишта и ученичките заедници се одлична можност за градење на млади луѓе кои се свесни, информирани и имаат самодоверба да предлагаат решенија и се чувствуваат вклучени.
За жал, ситуацијата со средношколците и нивното учество е сосема обратна. Според последните истражувања на Младинскиот образовен форум, 1 од 3 средношколци сметаат дека не можат ништо да променат во своите заедници. Повеќе од половина од средношколците го задржуваат своето мислење за време на часовите. 86,1% од средношколците сметаат дека немале предмети со кои ќе се информираат за важни општествени теми и случувања. Според последното истражување на LEAD и KAS, 22% од наставниците влијаеле на изборот на ученички претставници.
Со наградата најГЛАСни! сакаме да дадеме наш придонес кон зголемена демократизација во училиштата и да претставиме успешни примери и практики на вклученост во донесување на одлуките во средните училишта.
Претходни добитници на наградата најГЛАСни:
Учебна година 2021/2022
Учебна година 2022/2023
Наградата за ученичко учество најГЛАСни! ја доделуваат LEAD, Фондацијата Конрад Аденауер и Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија. Таа е наменета за ученичките заедници кои во текот на една учебна година придонесуваат за учество на учениците во донесување на одлуки во своите училишта.