Нови 125 наставници инвестираат во себе

Почетна - Нови 125 наставници инвестираат во себе
Feb 9, 2022

Нови 125 наставници инвестираат во себе

„Добриот наставник предава, одличниот наставник инспирира“

125 наставници од 11 средни и 25 основни училишта од 18 града се приклучија кон Клубот за наставниците на LEAD

Инспирирани од потребите и предизвиците со кои се соочуваат наставниците особено во делот на нивна континуирана доедукација и обука, втора година по ред ја реализираме програмата за личен развој на наставници – Клуб за наставници 2022.

Што всушност претставува клубот?

Клубот е замислен како јадро од наставници кои сакаат да ги подобрат состојбите во образованието. Истиот нуди три степени на членство и тоа: основно, напредно и мастер членство.

Секое членство нуди различни содржини кои наставниците ги добиваат низ текот на целата година и тоа:

  • Серија од 6 еднодневни обуки
  • Пристап до про-верзии на дигитални алатки
  • Пристап до база на ресурси и материјали
  • Можност за вмрежување и заедничко споделување на информации
  • Можност за вклучување во дополнителни активности и проекти
  • Индивидуални менторски сесии
  • Напредна обука за менторирање
  • Напредна обука за обучувачи

Преку овој блог, но и низ серија на следните блогови ќе се обидеме да доловиме каква вредност носи Клубот за наставниците и кое е нивното искуство во целата програма.

Исто така, во текот на годината ќе следат и други различни можности за обуки на наставниците како што се: подготовка на проектни апликации, менторирање на ученици и демократска култура и учество.

А, во моментов имаме активни повици за средни училишта и тоа: најГЛАСни! Награда за средношколско учество

Learning Engagement and Democracy, зајакнување на демократското учество

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD