ЗОШТО ДА СЕ БИДЕ ТРЕНЕР?
Да се биде тренер може да биде предизвикувачка професија. Задачата на тренерот е да направи учесниците навистина учат и тоа не се случува само по себе. Главното прашање за тренерот е: КАКО ДА СЕ ОСИГУРА ДЕКА ТРЕНИНГОТ ТЕЧЕ НЕПРЕЧЕНО И ДЕКА УЧЕСНИЦИТЕ УЧАТ РАБОТИ ШТО МОЖАТ ДА СЕ ПРИМЕНАТ ВО ПРАКСА?
Да се биде тренер не се учи на ниту еден факултет, туку тоа е контиунирана пракса на самоподобрување преку држење на обуки и учење од тие искуства.
КАКО Е ДИЗАЈНИРАН ТРЕНИНГОТ?
Тренингот за тренери е 3 дневно практично искуство кое се базира на три аспекти и тоа: интеркација, процес и содржина.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ?
Тренингот е наменет за лица кои веќе имаат искуство во држење на обуки, презентации предавања но и работа со групи:
ДАТУМ, МЕСТО И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Целата обука ќе одржи на 5, 9, 13 и 15 декември. Обуката ќе се одржи во тренинг просторијата на LEAD во Скопје на ул. Илинденска 47. Времето на одржување на сите 4 дена е од 17.00ч. до 21.00ч.
Пријавувањето е преку пополнување на формата за пријавување достапна на СЛЕДНИОВ ЛИНК. Рокот за пријавување е до 06.11.2022.
Преземете ја целата брошура со сите детални информации ТУКА
ДОПОЛНИТЕЛНО, ПОГЛЕДНИ ГО И ПОВИКОТ И ПОНУДАТА ЗА ТРЕНИНГ ЗА КОУЧИНГ